Што е амнион или амнионска мембрана?
Амнион (исто така познат како „амнионска мембрана“) е највнатрешниот слој на плацентата. Тоа е тенок лист од епителни и стромални клетки, кои се користат во различни терапии од почетокот на дваесеттиот век.
Започнува како обвивка околу папочната врвца, која за време на бременоста еволуира во тенка обвивка на плацентарната кеса. Ткивото на плацентата е особено значајно бидејќи содржи колаген, фибронектин и хијалуронска киселина; овие три компоненти се поврзани сo забрзано заздравување.
Амнионската мембрана содржи и комбинација на фактори за раст и антиинфламаторни протеини, кои можат да им помогнат на клетките во комуникацијата при оштетување на телото или при болест. Исто така, постојат докази дека ткивото на плацентата делува антимикробно.
Првата документирана употреба на амнионската мембрана беше во 1910 година, кога научниците открија дека амнионскиот кожен графт дава супериорни резултати во споредба со другите методи. Потоа, во 1913 година, лекарите го потврдиле неговото благотворно дејство за заздравување на рани на кожата.
Оттогаш, тој се користи и како кожен графт и како облога, а особено се користи во офталмологијата (т.е. во третмани кај болести на очите).