Што велат нашите клиенти



Што велат нашите клиенти

Cells4Life е најголемата банка за крв од папочна врвца во Обединетото Кралство – многу родители од Велика Британија избраа да складираат кај нас отколку кај која било друга компанија за складирање на матични клетки.

Прочитајте ги коментарите од нашите клиенти подолу за да дознаете зошто ни ја доверуваат скапоцената крв од папочна врвца на нивните деца.



Harry & Izzy Judd

Тапанарот на McFly складирал за ќерката Lola Rose која била зачната со помош на ИВФ

„Како родител природно сакате да го заштитите вашето дете, а земањето на матични клетки при раѓање е најлесниот и најбезболен начин да го направите тоа.“



Dave Berry – Absolute Radio presenter

„Како семејство сме многу среќни што одлучивме соработка со Cells4life. Се подразбира дека раѓањето на детето е процес, но на тој ден тие го направија тоа на едноставен и ненаметлив начин“.



Kim Bromwich – Paediatric Surgical Nurse & Mum of four

„Знаев дека тоа е нешто што треба да го направиме. Матичните клетки на Leo сега се складирани и подготвени доколку некогаш му бидат потребни. Беше смирувачко да се знае дека тие можеби дури и ќе бидат компатибилни за неговите поголеми сестри ако некогаш им бидат потребни“.



Harbhajan Singh & Geeta Basra – Indian International Cricketer and Bollywood Actress

„На меѓународно ниво, вие сте сведоци на магијата што матичните клетки можат да ја направат за повреди. Кога дознавме дека крвта од папочна врвца е најдобриот извор на матични клетки што може да ги има Ninaya, знаевме дека мораме да го направиме тоа за неа“.



Предности на Cells4Life


3 пати повеќе матични клетки

CellsPlus зачувува 3 пати повеќе матични клетки во момент на третман од нашата друга најдобра услуга, Cells.* Повеќе клетки значат повеќе третмани, со што вашето дете ќе може да пристапи до терапии со матични клетки, доколку треба.


Повеќекратни третмани

Ние ви даваме можност да складирате крви ткиво од папочна врвца на вашето бебе во повеќе примероци, за да можеме да ја одмрзнеме само количината потребна за третман и да го оставиме остатокот во складиште за идни терапии.


Двојни локации за складирање

Ние сме единствена банка за крв од папочна врвца во Обединетото Кралство која нуди складирање на вашите примероци на две одделни локации, обезбедувајќи дополнителен мир во случај на неверојатен случај на катастрофа во еден од нашите складишта.


Оптимизиран за одложено сечење на папочна врвца

Со TotiCyte, можеме да ги обработиме и најмалите количества крв што остануваат по одложено или оптимално сечење на папочна врвца, за да имате слобода да го направите изборот за раѓање што го посакувате.





Jamie, mum of two

„Веднаш знаев дека ако можам да му дадам на моето дете еден доживотен подарок, тоа ќе биде овој. Како што видов, трошокот беше помал од 100 фунти годишно во текот на 20 години и можеби е еквивалент на само еден семеен одмор помалку за целото тоа време.

На 5 години, на моето прекрасно момче му беше дијагностициран високофункционален аутизам. Тоа беше почеток на потрагата за наоѓање одговори за сè што може да ја подобри неговата состојба и во октомври 2017 година, добивме дозвола дека може да прими интравенска инфузија од неговата крв од папочна врвца во Duke University Hospital.

Cells4Life, нашата најдлабока благодарност до Tim Norris , кој го координираше целиот процес. Она што наиде на толку убаво беше колку беа хумани и загрижени сите кои беа вклучени во ова, дури и правејќи последователни повици со американскиот тим во 22 часот навечер.

Нашето малечко ја прими крвта од папочна врвца во пролетта 2018 година. Помина нешто повеќе од една година и интервенцијата ја проследивме со интензивна терапија.


Тој сега може многу добро да комуницира  за неговите потреби и се обидува да се социјализира до степен што оди кај непознати деца во паркот и прашува „сакаш ли да играме?“ Повеќе од сè друго, кога ќе ги стави рацете околу мојот врат и ќе ме погледне во очи, чувствувам дека може да погледне во мојата душа.

„Ако, на скала од 1 до 10, трошевме 8 за управување со неговиот аутизам пред матичните клетки, сега трошиме помалку од 3 “, вели Jamie. 


ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА




Zoe Gillings-Brier – Team GB Olympic Snowboarder

„Како и сите родители, и јас го сакам најдоброто за моите бебиња. Кога забременив првиот пат, поминав векови читајќи книги и истражувајќи на веб страни обидувајќи се да ги најдам вистинските производи и најдобрите совети за родителство што треба да ги пробам за неа. Сакав да се уверам дека  сите можности се покриени. Затоа знаев дека складирањето на крв од папочна врвца е вистинскиот избор за мене.

„Кога дојде до вакво нешто, сакавме да одиме со добро воспоставена компанија. Читав прегледи за услугата на Cells4Life и сè изгледаше одлично. Услугата што ја добив беше брилијантна. Процесот на пријавување беше многу брз, што го ценев бидејќи не помина долго до мојот термин. Сите со кои имав работа беа многу пријателски расположени и среќни да одговорат на сите мои прашања. Тие не можеа да бидат покорисни и беа исклучително професионални во текот на целиот период.

„Кога повторно забременив 3 години подоцна, знаев дека сакам да го направам истото за моето второ дете. Матичните клетки можат да го заштитат целото семејство, но со складирање за двете наши деца, го имаме тој дополнителен мир дека и двајцата ќе имаат примерок што е нивно совршено генетско совпаѓање ако им треба. Немаше сомнение дека повторно ќе се вратам во истата компанија бидејќи нивната услуга беше брилијантна првиот пат, а исто толку добра и вториот пат.





Georgia Woods – Mum of two

„Складирањето на крв од папочна врвца е инвестиција во иднината на нашето ново семејство. Складирањето на матичните клетки отсекогаш беше дел од нашиот долгорочен план, но откако го завршив нашето истражување за мојата состојба и дознав што е тоа што ги прави матичните клетки од крв од папочна врвца толку посебни, веднаш знаев дека ја донесовме вистинската одлука. Сето ова е за заштита на иднината на нашето ново семејство и обезбедување дека сите можеме да живееме нормален, среќен живот. Како што се развиваат новите терапии со матични клетки, уверена сум дека нашата одлука ќе им овозможи на моето семејство и на мене да го искористиме максимумот од нив“.



Catherine McCormack – 3 times Cells4Life customer

„Првпат слушнав за складирање на крв од папочна врвца кога работев во авиокомпанија како кабински екипаж во 2008 година. Дел од групата за која работев им понуди на своите вработени складирање на крв од папочна врвца. Меѓутоа, во тоа време таа компанија понуди само „јавна банка“, наместо приватно складирање на папочната врвца на вашето дете.

Откако прочитав сè за тоа и придобивките што може да ги понуди во иднина, знаев дека тоа е нешто што навистина сакав да го направам кога ќе родам бебе. Тоа беше речиси еден вид „гаранција“ за идното здравје на моите деца ако, не дај Боже, нешто тргне наопаку со нивното здравје. Почнав да истражувам и да барам компанија која нуди приватно складирање на матични клетки бидејќи беше мој личен избор да не складирам во „јавна“ банка – и наидов на Cells4Life! Најдобриот дел за Cells4Life е тоа што тие нудеа различни опции за складирање, што значи дека можете да изберете во моментот што е прифатливо за вас.




Кетрин има складирано крв од папочна врвца за три деца

Од 2017 година Cells4Life ја користев вкупно 3 пати! Имав природно породување со епидурална анестезија, породување во вода со гас и воздух и со царски рез и искрено можам да кажам со секое породување процесот на собирање на папочната крв беше толку лесен! Всушност, со моето трето дете бев прилично надвор од него и сето тоа беше средено помеѓу лицето кое ја спроведи постапката, мојот сопруг и курир! Го повикавме лицето за земање на примерокот, но не беше достапен, пристигна веднаш друг со совршен тајминг да земе примерокот.

Cells4Life го прави целиот процес навистина директен. Ви е дадено лице за земање на примерок и тој лично ве контактира во време што ви одговара и разговара за вашата бременост и очекуваниот тип на раѓање/датуми итн. Откако примерокот беше превземен од страна на курир, а примерокот беше анализиран, телефонски ми беше даден резултат кој ми го кажа обемот и квалитетот како процент. Од почеток до крај, Cells4Life беа високо професионални и исто така со многу познавања бидејќи можат да објаснат некои од неверојатните нешта што досега биле постигнати со матичните клетки! Не би можела да ги препорачам доволно!“





Shilpa Shetty – Using their cord blood to treat cerebral palsy

„Нашиот најстар син Jay има церебрална парализа, и како и секоја мајка, ќе направам се што е можно за да го подобрам неговиот живот. Откривме дека матичните клетки од папочна врвца можат да помогнат во лекувањето на неговата состојба и вечно сме благодарни на Cells4Life, не само за поддршката што ја дадоа при складирањето на крв од папочна врвца на мојот помлад син, туку и за тоа што се трудат да помогнат во промовирањето на нашите напори за собирање средства за Пионерскиот третман на Jay“.


ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПАТУВАЊЕТО НА ЏЕЈ



Anita_piese

„Гi најдов Cells4Life додека ги истражував сите различни компании и толку сум среќена што решив да складирам сè кај нив. Тие секогаш беа многу корисни и објаснуваа сè, бидејќи немав поим што правам или како функционира сè. Отпрвин мислев дека сè ќе биде толку комплицирано и толку тешко, не бев ни сигуренa како можам да се справам со сето тоа додека бев на породување, но не можеше да биде полесно и засекогаш сум им благодарна за тоа колку лесно го направија целото.

Исто така, многу сум благодарена што можам да му ја дадам на моето бебе оваа неверојатна заштита во животот, ако некогаш и треба. Искрено и целосно го препорачувам Cells4Life на секој што сака да ја складира крвта и клетките од папочната врвца! Ви благодарам за се!”




Lisa Whitehead

„Услугата што ја добивме од лицето кое го земаше примерокот беше прва класа. Jo секогаш беше достапна се до моментот на  доаѓањето на Оливер и исклучително професионална и многу грижлива за време на собирањето на клетките откако се роди, секогаш тука кога ми требаше совет и да ја информирам за текот на бременоста и датумот на породување, беше апсолутно задоволство да се биде дел од ова фантастично друштво и имаме апсолутна пофалба за сите со кои сме биле во контакт“.




Sarah Morris

„Благодарам на целиот тим на разбирањето за нашата промена на околностите. Сите мои искуства, и овој пат и со бебето број 1, со Cells4Life беа многу лесни и професионални – сите вие ​​обезбедувате исклучителни нивоа на услуги за клиентите и задоволство е да се соработува со вас. Толку е ретко да се биде импресиониран од услугите овие денови, но вие ​​ги надминувате сите очекувања секој пат“.




Naomi Isted – Style and Beauty Presenter & Columnist

„Мојот пријател ги препорача Cells4Life како сигурна и доверлива банка за крв од папочна врвца. Штом прочитав, немаше шанси да не го користам ова за идното здравје на моето бебе и семејство. Она што се нуди е неверојатно. Бев толку импресионирана од целиот тим и не можам да ги препорачам доволно придобивките од складирањето на матичните клетки. Ова е потенцијално менување на животот за вас и вашето семејство“.



ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС



Поврзете се со нас





*Спроведовме внатрешно тестирање кое покажува дека TotiCyte обновува три пати повеќе матични клетки во момент на третман во однос на нашата следна најдобра услуга, Cells. Cells користи технологија за обработка AXP, која ја користат NHS и повеќето банки за крв од папочна врвца во САД. Повеќе информациие за овие експерименти може да се најдат тука.