Собирање на матични клетки – што е вклучено?



Како функционира собирањето на матични клетки?

Знаеме дека раѓањето на вашето бебе ќе биде еден од најзначајните денови во вашиот живот. Затоа ние посветено ќе обезбедиме беспрекорна услуга за собирање матични клетки од почеток до крај.

Собирањето на матични клетки нема никакво влијание врз вашиот план за раѓање и никогаш нема да ја наруши врската помеѓу вас и вашето бебе по раѓањето. Всушност, постапката за собирање на крв од папочна врвца се одвива во посебна просторија, по третата фаза од породувањето.

Доколку изберете одложено  или оптимално сечење на папочна врвца, нашата опција CellsPlus е првата услуга за складирање на крв од папочна врвца која е целосно компатибилна.

Собирањето на матични клетки при раѓање не може да биде полесно, но сепак може да го спаси животот на вашето бебе.



Зошто да ја изберете Cells4Life?

  • 2-3 пати повеќе матични клетки кога ќе изберете CellsPlus*

  • Повеќекратни третмани

  • Двојни локации за складирање

  • 24/7 365 дена лабораторија


ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Собирање на матични клетки со Cells4Life

Ние ќе организираме сè за вас од моментот кога ќе изберете собирање на матични клетки за вашето бебе.

На големиот ден, ваша единствена одговорност ќе биде да го понесете со сет за собирање на матични клетки. Сè што треба да направите е да ни се јавите кога ќе започне процесот на раѓање. Ние ќе се погрижиме за сите останати детали. Откако ќе се роди вашето бебе, ќе започне собирањето на матични клетки со користење на предметите што се наоѓаат во вашиот сет за собирање. Потоа примерокот ќе биде подигнат од страна на специјализирана куриерска служба за билошки материјал.

Доколку ви е потребна дополнителна поддршка за собирање матични клетки при раѓање, ние сме 24/7 достапни, 365 дена годишно.



Подгответе се за собирање матични клетки при раѓање





1. Побарајте го вашиот пакет за добредојде

Дознајте сè што треба да знаете за постапката за собирање крв од папочна врвца и нејзино складирање со преземање на вашиот пакет за добредојде.


барање-добредојде-пакет



2. Нарачајте го вашиот сет за собирање матични клетки

Во вашиот пакет за добредојде, понудивме Пакети за услугите кои ги нуди Cells4life за земање, обработка и складирање на матични клетки. Затоа ве молиме разгледајте ги целосно и поставете ги сите прашања што можеби ги имате за нас во врска со собирањето на матични клетки. Алтернативно, јавете ни се на +389 70 221 602 доколку ви се потребни дополнителни информации, а ние ќе се обидеме да ви помогнеме да ја донесете правилната одлука.

Откако ќе се потпише договор и се уплати претходно договорен депозит, ќе си го подигнете вашиот сет за собирање. Cells4life ќе го очекува вашиот сет за складирање.





3. Известете го вашиот лекар

На вашиот следен преглед во болница, ве молиме информирајте го вашиот лекар за вашата желба за земање на матични клетки како дел од вашиот план за раѓање. Болницата ќе не извести за вашето барање, Cells4Life како ваш избор на банка за матични клетки.



Земање на матични клетки




4. Одење во болница

 Запомнете на денот на пораѓај понесете го вашиот сет за собирање матични клетки со вас.



5. Собирање на крв од папочна врвца

По раѓањето на вашето бебе и породувањето на плацентата, вашиот лекар ќе го користи сетот за собирање на крв од папочна врвца, ткиво и примерок од мајчина крв. Тие потоа внимателно ќе ги спакуваат во нашиот специјално подготвен транспортен пакет. Постапката за собирање крв од папочна врвца трае помеѓу 20 и 30 минути.



6. Известете не нас

Веднаш по вашето пристигнување во болницата известете не за да можеме да го организираме испраќањето на вашиот сет во најкус можен рок во лабараторијата на Cells4life. Откако примерокот ќе биде спакуван, ќе биде испратен куриер за подигнување на вашиот сет за да биде испратен до Cells4Life. Ова е 24-часовна услуга, која работи 365 дена годишно.



7. Тестирање и криопрезервација

Испраќањето на вашиот примерок се врши во најкус можен рок. По пристигнување на вашиот примерок во Cells4life започнува негова обработка. Прво, ја проценуваме одржливоста на матичните клетки на вашето дете. Потоа создаваме поединечни примероци и ги складираме со помош на „криопрезервација“ – процес на замрзнување на клетките и ткивото во течен азот за да се сопре целата биолошка активност. Клетките се одржуваат во оваа состојба додека тие не бидат потребни.



8. Се зема примерок од мајката или пред или откако ќе се заврши со земање на матични клетки. Сите примероци се тестираат со користење на најнови инструменти и анализи. Дополнително, Cells4Life користи специјализирани референтни лаборатории за дополнително тестирање доколку е потребно.



Дома, следење на собирањето на матични клетки





9. Првични резултати

Во рок од 5-7 работни дена од собирањето на матичните клетки при раѓање, ќе добиете телефонски повик за да ве известиме за првичните резултати за одржливост на примерокот на вашето бебе.



10. Тестирање за контаминација

До 14 дена по пристигнувањето на вашиот примерок, мал дел ќе биде подложен на тестирање за контаминација. Иако контаминациите се ретки, ако вашиот примерок навистина содржи, ќе ве известиме за бактеријата и нејзините импликации за употреба во третманот. Потоа можете да одлучите дали да го складирате или уништите примерокот од матичните клетки. Ако одлучите да го уништите, ќе добиете целосен повраток на вашите сретства за обработка, тестирање и складирање.



11. Сертификат за тестирање

Откако ќе заврши тестирањето и ќе се прими целосната уплата, ќе добиете сертификат за тестирање на крв (и ткиво) од папочната врвца од Cells4Life за примероците на вашето дете.



Брзи прашања…

  • Кога треба да одлучам за земање на матични клетки?
Кога треба да одлучам за земање на матични клетки?

До моментот на раѓање можете да одлучите за земање на матични клетки. Cells4Life може да организира веднаш испорака на вашиот сет за собирање до болницата каде ќе одлучите да се пораѓате и лице кое што ќе ја спроведе постапката на собирање крв од папочна врвца.


  • Како се собираат матичните клетки?
Како се собираат матичните клетки?

По безбедното породување на вашето бебе, без разлика дали тоа е природно породување или царски рез, папочната врвца се стега и се сече. Лицето кое ја врши постапката започнува со подготовка на областа околу нив и ја поставува опремата во вашиот сет за собирање. Тие ја чистат папочната врвца и плацентата на вашето бебе со стерилизирани марамчиња за да го намалат ризикот од било какви агенси при земање на примерокот.

Лицето кое ги собира матичните клетки, ја собира крвта со вметнување на иглата во папочната вена. Кесата се држи под плацентата за да се дозволи крвта да помине преку гравитациониот тек. Откако крвта ќе престане да истекува, ја запечатува кесата и ја фрла иглата. Примерокот се означува и се става во заштитна обвивка. За ткивото на папочната врвца, се сече долг неоштетен дел од папочната врвца.

Се чисти темелно и се става во флаконот за ткиво заедно со солен раствор. Садот е етикетиран и превиткан, а двата примероци се пакуваат назад во вашиот сет за собирање. Откако ќе се изврши собирањето на матичните клетки, крвта и ткивото од папочна врвца се пакуваат внимателно и се транспортираат прекѕ курирска служба до лабораторијата на Cells4Life.


  • Какви информации ќе добијам за примерокот на матични клетки на моето бебе?
Какви информации ќе добијам за примерокот на матични клетки на моето бебе?

Ќе ве контактираме во рок од 5-7 работни дена по обработката на примерокот за да ве известиме за резултатите. Ова го вклучува волуменот на добиената крв, одржливоста на клетките и резултатите од тестот на мајката. По 14 дена, ќе обезбедиме и резултати од тестот за стерилитет и по целосно плаќање, потврда за складирање.


* врз основа на рецензирана публикација на CyteTech која покажува дека TotiCyte испорачува 2,2 до 3 пати повеќе хематопоетски матични клетки во момент на употреба во однос на другите системи за обработка на крв од папочна врвца што се користат во Велика Британија.



ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС



Поврзете се со нас