Обработка на крв од папочна врвца



Ја разбираме важноста да се има слобода на избор за време на бременоста, па затоа нудиме два методи за обработка на крв од папочна врвца:

Cells, нашата услуга за почетно ниво.

CellsPlus, нашата најпопуларна услуга подржана од TotiCyte.

Двете опции ги зачувуваат скапоцените матични клетки на вашето бебе, но ние секогаш би препорачале користење на CellsPlus бидејќи зачувува 3 пати повеќе клетки во однос на нашите други достапни методи за обработка на крв од папочна врвца.*

Ако на вашето дете некогаш му треба третман, бројот на матични клетки во неговиот примерок може да влијае на успехот на терапијата – колку повеќе клетки, толку подобро.

Повеќекратни примероци

Можностите за третман со матични клетки od крв од папочна врвца постојано се зголемуваат. Во моментов, има над 7.600 клинички испитувања 13 кои ја истражуваат употребата на матични клетки за лекување на широк спектар на состојби и тие се веќе со докажан третман за над 85 болести.

Токму поради оваа причина, имаме за цел да му дадеме на вашето бебе што е можно повеќе можности да ги користи своите матични клетки доколку тоа е потребно. Нудиме опција за складирање која ви овозможува да ја зачувате крвта и ткивото од папочната врвца на вашето бебе во повеќе примероци. Тоа значи дека можеме да го одмрзнеме само количеството на матични клетки потребни за третман и да го задржиме остатокот во складиште за идни терапии.

Крвта од папочна врвца се чува на две локации за складирање

Бидејќи знаеме дека, без разлика колку е малку веројатно, катастрофи може да се случат, затоа ви даваме опција да ги складирате примероците од вашето бебе на две географски одвоени локации за складирање. Ако некогаш има проблем во еден од нашите капацитети, можете да бидете спокојни дека остатокот од крв и ткиво од папочна врвца на вашето бебе останува безбедно во складирање на другата локација.



Повеќе можности со CellsPlus

CellsPlus испорачува повеќе клетки.

Два клучни фактори одредуваат дали примерокот од матични клетки ќе се користи во терапија. Тоа се:

– дали се компатибилни;

– бројот на клетки што ги содржи.

Со крвта од папочна врвца на вашето бебе, совпаѓањето е загарантирано, но бројот на клетки ќе се разликува како резултат на користениот метод за обработка на крв од папочна врвца.

Повеќето системи за обработка на крв од папочна врвца ќе го изгубат поголемиот дел од матичните клетки во примерокот до моментот кога ќе се користи во третманот. Ексклузивно за Cells4Life во Обединетото Кралство, CellsPlus е подржан со TotiCyte, кој испорачува повеќе матични клетки базирани на пред-замрзнување, по одмрзнување и во процес на делење – отколку другите методи за обработка на крв од папочна врвца. На крајот на краиштата, нашите резултати покажуваат дека примерокот обработен со TotiCyte ќе содржи 3 пати повеќе клетки во однос на примерок обработен со една од индустриските стандардни технологии.*

Во зависност од третманот, обично се потребни 25 милиони клетки на килограм телесна тежина за употреба во третманот – така што бројот на клетки во примерокот од крв од папочна врвца е клучен. Изборот на CellsPlus може да значи разлика помеѓу само да имате доволно матични клетки за лекување на дете и да бидете во можност да лекувате возрасен или дури и повеќе третмани.


CellsPlus овозможува  да зачувате повеќе клетки кога тие ќе ви бидат потребни“



Првата банка за матични клетки која обезбедува крв од папочна врвца во повеќе примероци за повеќе третмани.



Cells

Cells – водечка светска технологија

Малку поприфатлива опција, Cells е само втор по CellsPlus во однос на одржливо обновување на клетките. Овој метод на складирање на крв од папочна врвца е единствен за Cells4Life за семејно складирање во Велика Британија.




Одржливост на крв од папочна врвца

Ние користиме само наменска курирска услуга која работи 24 часа на ден, 365 дена во годината за да ја собере крвта од папочна врвца на вашето бебе. Ова осигурува дека вашиот примерок ќе биде испратен и обработен во најкус можен рок . Ова е многу важно бидејќи одржливоста на крвта од папочна врвца ќе почне да се намалува веднаш штом се собере примерокот – колку побрзо примерокот на вашето бебе ќе биде подложен на обработка, толку повеќе матични клетки вашето бебе ќе има за складирање.



ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС



Поврзете се со нас





*Спроведовме внатрешно тестирање кое покажува дека TotiCyte обновува три пати повеќе матични клетки во момент на третман во однос на нашата следна најдобра услуга, Cells. Cells користи технологија за обработка AXP, која ја користат NHS и повеќето банки за крв од папочна врвца во САД. Повеќе информациие за овие експерименти може да се најдат тука.