Сет за собирање крв од папочна врвца од Cells4Life




Сетот за собирање крв од папочна врвца Cells4Life е дизајниран да го заштити примерокот на вашето бебе за време на неговото доставување во нашата лабораторија. Не само што е важно да се осигурате дека примерокот ќе пристигне за да се обработи што е можно поскоро, туку исто така треба да се одржува на температура помеѓу 2 и 25°C за време на транспортот. Cells4Life поставува сонда за следење во вашиот сет за да провери дали вашиот примерок останал во оптималниот температурен опсег во текот на неговиот транспорт до нас.

За да побарате сет за собирање матични клетки и да ја изберете услугата за складирање на крв од папочна врвца на вашето бебе, треба да ги пополните нашите формулари за дигитална согласност.


Брза испорака на Сетови за собирање крв од папочна врвца

Откако ќе се подготви целата потребна документација, ќе ви биде предаден сет кој што е потребно да го понесете со вас во моментот на пораѓај

Доколку ви треба сет за собирање матични клетки во итен случај, можете да не контактирате во секое време и ние ќе организираме сет за собирање да биде испратен до вашата локација. Со Cells4Life, никогаш не е доцна во бременоста да се обидете да ја изберете услугата за складирање на матични клетки на вашето бебе, бидејќи знаеме каква важна одлука е тоа.

Но сепак, ви препорачуваме одлуката за собирање на матични клетки да ја донесете што е можно поскоро бидејќи тоа осигурува дека собирањето нема да се пропушти како резултат на доаѓањето на бебето порано од очекуваното. Со тоа вие се осигурате да имате сет во било кое време и да ви е потребен, дури и доколку вашето бебе пристигне порано од очекуваното, но и оставате време лицето кое го зема примерокот да контактира со вас пред раѓањето и го намалува стресот на големиот ден.






  • Сет за  крв од мајката и ППЕ сет

  • Сет за собирање матични клетки од папочно ткиво

  • Сет за собирање матични клетки од крв од папочна врвца

  • Содржината на сетот за собирање крв од папочна врвца е:

  • Кеса за собирање крв од папочна врвца (две во случај на дефект или итен случај)

  • Газа, брисеви

  • Брисеви со хлорхексидин за стерилизирање на местото на вметнување на игла

  • Стеги за папочна врвца

  • Пакување за крв од папочна врвца (Според спецификацијата IATA)

  • Помошни предмети за постапката

  • Сонда за следење на температурата

  • + инструменти потребни за собирање  крв од папочна врвца  како што е наведено


Вашиот сет за собирање и сите ставки во него имаат свој баркод и матичен број. Тие се целосно уникатни за вашето бебе и гарантираат дека целиот процес на собирање, обработка и складирање на крв од папочна врвца е целосно следен, од почеток до крај.



Сите овие ставки, како и сликовните упатства за манипулација се содржани во Cells4Life Collection Kit. Ве молиме, не отворајте го пакувањето додека не е потребно за употреба и не заборавајте да го понесете со вас во болница на големиот ден!



ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС