За ткивото на папочната врвца

Ткивото од папочната врвца е дел од папочната врвца на вашето бебе кое се собира по крвта од папочната врвца.



Содржи милијарди матични клетки, особено во Wharton’s jelly  што ја обложува папочната врвца, но и во други региони.

Ова е причината зошто Cells4Life го складира целиот примерок од ткивото на папочната врвца што го собираме. Ткивото од папочната врвца содржи неколку моќни типови на матични клетки, од кои некои се единствени и не се присутни во крвта од папочната врвца.

Со складирање на крв од папочна врвца заедно со ткиво од папочна врвца се гарантира дека вашето дете има максимален опсег на различни типови на матични клетки, кои ќе може да ги искористи што е можно повеќе во иднина.

Cells4Life е единствена банка за матични клетки во Обединетото Кралство која нуди складирање на крв  и ткиво од папочна врвца на вашето дете во повеќе примероци, обезбедувајќи дополнителна сигурност и можност тие да се користат за повеќе третмани во иднина. Покрај крв од папочна врвца, со складирање на ткиво од папочна врвца се гарантира дека вашето бебе ќе има пристап до максималниот опсег и највисокиот можен број на матични клетки. Ова е многу важно од две клучни причини:




1. Најголем можен број на матични клетки

Некои терапии со матични клетки бараат максимален можен број на матични клетки со цел да се зголемат шансите за успех. Со избирање на нашата услуга CellsPlus и за крв и ткиво од папочна врвца, ќе се погрижите вашето бебе да има пристап до што е можно повеќе клетки. Всушност со нашата услуга CellsPlus, се зачувува помеѓу два и три пати повеќе матични клетки наменети за третман во однос на другите технологии за обработка на крв од папочна врвца присутни во Велика Британија, така што вашето бебе има најдобар можен пристап до најмногу достапни матични клетки.


2. Подготовка за повеќе третмани

Како што расте вашето дете, така се зголемува и бројот на различни, дури и многу чести состојби кои би можеле да се третираат со користење на матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца. Со обезбедување на максималниот број и опсег на можни матични клетки, вашето дете е обезбедено доколку е потребно да прими повеќе третмани со матични клетки, за состојби од кои сите ние можеме да ги добиеме во текот на нормалниот процес на стареење во животот.


Со тоа што ќе се одлучите за складирање и за крв и ткиво од папочна врвца , можете да бидете сигурни дека вашето дете ги има најдобрите можности за третман на располагање, и сега и во иднина.



Предноста на Cells4Life

Матичните клетки имаат две клучни својства:

1. способност за самообновување

2. способност да се диференцираат во други типови на клетки

Успеавме да покажеме не само одржливост, туку и дека нашите методи на транспорт, обработка и криопрезервација ги одржуваат овие својства во мезенхималните матични клетки (MSCs) кои се наоѓаат во ткивото на папочната врвца на вашето бебе.

Можевме да го направиме ова со изолирање на MSCs од примероците од ткивото на папочната врвца што сме ги собрале, за да го зголемиме бројот и потоа да ги стимулираме да се трансформираат во други типови на ткива.

Успешно ги развивме главните типови на клетки кои вообичаено формираат дел од коскеното, масното и рскавичното ткиво, покажувајќи дека нашите методи го задржуваат „стеблото“ на MSCs. Ова може да биде од клучно значење за терапевтските цели.

Кога складирате ткиво од папочна врвца кај нас, можете да бидете сигурни дека максимално ги искористувате матичните клетки на вашето бебе.

Нашите експерименти покажуваат:

Примероците од ткивото на папочната врвца обработени и складирани од Cells4Life содржат MSCs кои можат да се изолираат и да се зголеми нивниот број на  милијарди клетки.

Овие MSCs може да се трансформираат во клеточна лоза на масни клетки, ‘рскавици и коски, покажувајќи ја нивната способност да се разликуваат.





Матични клетки од ткиво од папочна врвца

Мезенхимални матични клетки (MSCs)

Како и крвта од папочна врвца, и самата папочна врвца е богат извор на мезенхимални матични клетки кои се наоѓаат во „Wharton’s Jelly“. Овие матични клетки кои формираат ткиво се пообилни и помоќни од оние што се наоѓаат во крвта од папочната врвца или ткивото на возрасните. Истражувањата сугерираат дека тие имаат огромен потенцијал за употреба во регенеративната медицина, со студии кои покажуваат дека MSCs во ткивото на папочната врвца може да се користат дури и во третмани за регенерација на органи – што е можеби највозбудливата област на регенеративната медицина од сите.

Уникатно за ткивото од папочна врвца…

Ткивото на папочната врвца содржи неколку уникатни типови клетки, кои најверојатно ќе обезбедат терапии за кожни заболувања, изгореници, чиреви и рани, како и оштетување на очите и крвните садови.

Ендотелијални клетки хумана папочна вена (HUVECs)

Овие клетки се лесни за култивирање и најчесто се користат во истражувања за васкуларна биологија – вклучувајќи воспаление, згрутчување на крвта и ангиогенеза (формирање на нови крвни садови).

Епителни матични клетки од надворешната обвивка на папочната врвца (CLSCs)

CLSCs се покажаа ефикасни во лекувањето на човечки рани кои тешко се лекуваат, како што се дијабетични улкуси, дефекти на рожница, а исто така покажаа успешна регенерација на црниот дроб и срцето во студиите на животни.

Периваскуларни клетки од  папочна врвца (HUCPVCs)

Периваскуларните клетки пронајдени во папочната врвца се испитуваат за формирање на коски и развој на дермално ткиво.



За што се користи ткивото од папочната врвца?

Ткивото од папочната врвца во моментов се испитува за третман на следниве состојби:


  • Алцхајмерова болест

  • Апластична анемија

  • Кардиомиопатија

  • Репарација на ‘рскавица

  • Церебрална парализа

  • Болести на сврзно ткиво

  • Дијабетес тип 2

  • Еректилна дисфункција


  • Инсуфициенција на црн дроб

  • Мултиплекс склероза

  • Миокарден инфаркт

  • Остеоартритис

  • Инсуфициенција на јајници

  • Паркинсонова болест

  • Псоријаза

  • Ретинитис пигментоза


  • Ревматичен артритис

  • Сепса

  • Повреда на ‘рбетен мозок

  • Мозочен удар

  • Трауматска оптичка невропатија

  • Улцеративен колитис

  • И многу повеќе…



Раните клинички испитувања покажаа ветувачки резултати во третманите со користење на матични клетки од ткиво од папочна врвца за следните состојби…




Невролошки состојби

Научниците од Duke University, North Carolina ги третираат децата со аутизам со интравенски инфузии на MSCs добиени од ткивото на папочната врвца.



Срцеви и васкуларни заболувања

Научниците најдоа ветувачки резултати користејќи MSCs од ткивото на папочната врвца за да создадат ново срцево ткиво, нудејќи им надеж на пациентите кои страдаат од срцева слабост.



Дијабетес

Клиничко испитување ги применува MSCs добиени од Wharton’s Jelly од ткивото на папочната врвца на пациенти со оваа состојба, која влијае на 415 милиони луѓе ширум светот.



Скелетни состојби

Мезенхималните матични клетки од ткивото на папочната врвца се користени за лекување на мултиплекс склероза, која влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок, во клиничките испитувања. Лекарите забележале подобрување на симптомите во рок од 1 месец.




Канцер

Студија од 2014 година покажа дека MSCs на ткивото на папочната врвца го инхибираат растот на туморите поврзани со канцер на простата, а понатамошните истражувања открија сличен потенцијал за пациентите со канцер на дојка.




Воспалителни и автоимуни

Во Durham, North Carolina, истражувачите открија дека со MSCs може да третираат сепса, која е воспалителна состојба предизвикана од неконтролирана реакција на телото на инфекција.


Брзи прашања…


  • Како се собира крв од папочна врвца?
Како се собира крв од папочна врвца?

Во утробата, папочната врвца му обезбедува на вашето бебе крв исполнета со хранливи материи, оксигенирана од плацентата и, обратно, го одзема отпадот и крвта со ниска содржина на кислород. Меѓутоа, откако ќе се роди бебето, ако одлучите да го складирате ткивото од папочната врвца заедно со крвта, ова ткиво содржи уникатен сет на матични клетки (HUVECs, CLSCs, HUCPVCs) кои може да се користат во третмани за состојби како што се дијабет, мозочен удар и мултиплекс склероза.


Најнови информации за ткиво на папочната врвца


Childhood Cancer Awareness Month September 2023

Childhood Cancer Awareness Month September 2023

September is Childhood Cancer Awareness Month. To raise awareness, we’ve shared 10 facts that you need to know about childhood cancer. We discuss how umbilical cord blood can help to treat childhood cancers and share the story of 4-year-old, Josh Stockill, who has…

read more


Cord Blood And Its Role in Regenerative Medicine

Cord Blood And Its Role in Regenerative Medicine

What is regenerative medicine? The concept of “regenerative medicine” was coined in 1999, encompassing a field of scientific innovations aimed at repairing, regrowing, and potentially replacing cells, tissues, and organs damaged by disease in the human body. This…

read more


Cord Blood Stem Cell Banking FAQs

Cord Blood Stem Cell Banking FAQs

If you’re considering cord blood stem cell banking, you may have some questions. Don’t worry, you’re not alone! Our experts have put together a comprehensive guide to the top five frequently asked questions on the subject. Read on to get all the information you need…

read more



ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС



Поврзете се со нас





References

Tokiko Nagamura-Inoue and Haiping He “Umbilical cord-derived mesenchymal stem cells: Their advantages and potential clinical utility” World J Stem Cells. 2014 Apr 26; 6(2): 195-202 <https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24772246> 

Kouroupis D et al. “Assessment of umbilical cord tissue as a source of mesenchymal stem cell/endothelial cell mixtures for bone regeneration.” Regen Med. 2013 Sep;8(5):569-81 <https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23998751>

Saleh, Razwa “Short review on human umbilical cord lining epithelial cells and their potential clinical applications” Stem Cell Research Therapy 2017; 8:222 <https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5634865/>

Zebardast, Nazlee et al. “Human umbilical cord perivascular cells (HUCPVC)” Organogenesis 2010 Oct-Dec; 6(4):197-203 <https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3055644/>

Benedetta Bussolati, “Stem cells for organ repair” Organogenesis 2011 Apr-Jun; 7(2): 95
<https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3142444/>

Mingyao Meng et al. “Umbilical cord mesenchymal stem cell transplantation in the treatment of multiple sclerosis” Am J Transl Res. 2018; 10(1):212-223 <https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5801359/>