Повеќе матични клетки
Повеќе примероци
Повеќе третмани

…со CellsPlus
Единствено за Cells4Life

Ништо не е поскапоцено од здравјето на вашето дете. Затоа нашата мисија е да ја складираме крвта од папочна врвца на секое бебе.
Бројот на клетки е клучен – колку повеќе, толку подобро. Повеќе матични клетки може да значи разлика помеѓу лекување на дете или располагање со доволно клетки за лекување на возрасен; еден третман или повеќе третмани; неуспех или успех.
Имајќи го ова во предвид, го развивме нашиот уникатен метод за обработка на матични клетки CellsPlus за да се овозможи 3 пати повеќе матични клетки во момент на третман во споредба со другите водечки технологии за обработка на крв од папочна врвца.
Достапно е само со Cells4Life.

Дознај повеќе


Папочната врвца на вашето бебе може да го промени неговиот живот

Моќните матични клетки во папочната врвца ни помагаат да растеме во утробата, а потоа не поддржуваат додека старееме.

Еве зошто сме најпопуларна банка за матични клетки во Велика Британија:


Повеќе матични клетки, повеќе примероци

Повеќе можности за третман

Компатибилен со одложено сечење на папочната врвца

Единствена банка за складирање на плацента во Велика Британија


Зошто да ја зачувате крвта од папочна врвца на вашето бебе?

Еден ден, матичните клетки од папочната врвца на вашето бебе би се користеле за:


Репарација на оштетено ткиво

Регенерација и замена на оштетени органи

Лекување на болести опасни по живот

Изборот за складирање на матични клетки од папочната врвца кога ќе се роди вашето бебе е шанса за цел живот.

Тоа би можело да им го промени целиот живот


Дали клетките на плацентата можат да се користат во третман на Корона вирус?

Дури и сега наоѓањето начин за третман на коронавирусот може да биде исклучително корисно. Дали матичните клетки од папочна врвца можат да помогнат?

ПРОЧИТАЈТЕ БЛОГ ТУКА


Предности на Cells4Life

Нашата услуга е дизајнирана со една цел – да му обезбедиме на вашето бебе најдобра можна заштита за неговото долгорочно здравје. Еве само неколку од придобивките од изборот на Cells4Life како банка за крв од папочна врвца на вашето бебе:


  • 3x повеќе матични клетки со CellsPlus*  

  • Единствена банка за складирање на плацента во Велика Британија

  • Повеќекратни третмани

  • Складирање на двојни локации

  • Компатибилен со одложено сечење на папочна врвца

  • Најсеопфатен опсег на услуги

  • Складирање на матични клетки преку целата година

  • Посветени курири

  • Водечка технологија во индустријата

  • HTA лиценциран


Изберете не нас


ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС



Повеќекратни примероци – Повеќекратни третмани

Ние сме единствената банка за матични клетки која ви дава можност да ја складирате крвта и ткивото од папочната врвца на вашето бебе во повеќе примероци, овозможувајќи истото да се користи повеќе од еднаш, бидејќи знаеме дека ништо не е поважно од долгорочната заштита на здравјето на вашето бебе.

Повеќе детали


Складирање на Плацента – единствено за Cells4Life

Вашата плацента содржи амнион и плацентарни клетки, кои имаат моќни регенеративни својства. Постојат бројни клинички испитувања кои ја истражуваат употребата на плацента во терапии за состојби како што се дијабетични улкуси, мозочен удар и мултиплекс склероза.

Повеќе детали

Како функционира складирањето на матични клетки?

„Складирањето на матичните клетки на вашето бебе не може да биде полесно, а еден ден тие би можеле да им го променат животот“.

Денот кога ќе го донесете вашето бебе на свет ќе биде еден од најпосебните во вашиот живот, поради што се осигуравме целиот процес на собирање на матични клетки да биде дизајниран да не ви одземе време. Тој е брз, едноставен, неинвазивен и потполно безбеден, па дури и нема да треба да го менувате планот за раѓање. Ние ќе се погрижиме за сè, од организирање на лице за земање на вашиот примерок, до обработка, тестирање и долгорочно складирање на клетките. Треба да ги добиете резултатите за примерокот на вашето бебе во најможен краток рок. За да дознаете повеќе за тоа како функционира процесот, прочитајте ги нашите FAQs за складирање на матични клетки или стапете во контакт на +389 70 221 602

Цени за складирање на крв од папочна врвца?

Нашиот асортиман на различни услуги може да одговара на секој буџет и на сите видови барања. Посветени сме да се погрижиме секој родител да може да ги складира матичните клетки од папочната врвца на своето бебе доколку сака, а цените започнуваат од само 2100 евра. За повеќе информации за нашите пакети и опции за складирање контактирајте не на +389 70 221 602.



Џејми

Крвта од папочна врвца го менува животот

Моќта на крвта од папочна врвца веќе ги менува животите ширум светот. Издадовме 17 примероци на матични клетки, вклучувајќи:




Jamie, мајка на две деца

Во 2018 година, убавото момче на Jamie прими интравенска инфузија од крв од папочна врвца во  Duke University Hospital за третман на аутизам. Една година подоцна, неговата мајка вели дека тој значително се подобрил. „Ако, на скала од 1 до 10, користевме 8 за справување со неговиот аутизам пред матичните клетки, сега тоа е помалку од 3“, вели Jamie. „За нас тоа е навистина нешто и нашата одлука што ја донесовме пред 10 години е целосно вредна. „Како што видов, трошокот беше помал од 100 фунти годишно во текот на 20 години и можеби е еквивалент на само еден семеен одмор помалку за тоа време.

Целосна приказна




„Услугата што ја добивме од лицето кое го земаше нашиот примерок беше прва класа, Jo секогаш беше достапен до доаѓањето на Oliver, Jo беше исклучително професионален и многу грижлив за време на собирањето на клетките.  И секогаш тука кога ми требаше совет“.Lisa Whitehead

„Бев толку импресионирана од целиот тим и не можам доволно да ги препорачам како и придобивките од складирањето во банката за крв од папочна врвца. Ова е потенцијално менување на животот за вас и вашето семејство“.Naomi Isted, Style & Beauty Presenter and Columnist

„Матичните клетки на мојот син сега се складирани и подготвени доколку некогаш му бидат потребни. Беше смирувачко да се знае дека тие можеби дури и ќе бидат употребени и за неговите поголеми сестри доколку некогаш имаат потреба“.Kim Bromwich, Paediatric Surgical Nurse

„Се работи за заштита на иднината на нашето ново семејство – осигурувајќи се дека можеме да живееме нормален, среќен живот“.  Georgia Woods, mum of two

„Тоа беше речиси еден вид „гаранција“ за идното здравје на моите деца. Не можам повеќе од тоа да кажам.“ Catherine McCormack,

„Сакав да се уверам дека се покриени сите можности… кога открив дека се складира папочна врвца – знаев дека тоа е вистинскиот избор“.Zoe Gillings-Brier, Olympian

„Како родител, природно сакате да го заштитите вашето дете и земањето на матични клетки при раѓање е најлесниот и најбезболен начин да го направите тоа. Harry & Izzy Judd, McFly drummer and wife



Кратка историја на матични клетки од крв од папочна врвца

Медицината напредуваше над секакво препознавање откако беа откриени матичните клетки кон крајот на 1800-тите. Првата трансплантација на матични клетки со помош на коскена срцевина беше извршена во Њујорк во 1950 година и оттогаш тие се користени во над 1 милион терапии за лекување на огромен спектар на болести. Матичните клетки од крв од папочна врвца беа воведени во терапија во 1988 година, кога истакнатиот американски научник д-р Хал Броксмајер користеше крв од папочна врвца за да го спаси животот на петгодишното момче кое боледуваше од Fanconi Anaemia. Во последните 30 години, крвта од папочна врвца е користена за трансплантација над 35.000 пати, третирајќи повеќе од 80 различни состојби; од леукемија и лимфом, до рак на тестисите.


31

година користење


35000

трансплантации на крв од папочна врвца


над 80 болести

докажан третман


4 милиони

единици крв од папочна врвца


Гледајќи во иднината, матичните клетки се сметаат за еден од трите столба на возбудливото ново поле познато како регенеративна медицина. Регенеративната медицина се обидува да ја врати структурата на оштетените ткива и органи или, ако тие се оштетени до ниво на регенерација, создава нови верзии како замена. Матичните клетки се идеално прилагодени за оваа намена поради нивниот капацитет да се диференцираат во голем број различни типови клетки.

Во моментов, научниците спроведуваат клинички испитувања кои ја истражуваат примената на матичните клетки од крв од папочна врвца за лекување на болести како што се дијабетес, мултиплекс склероза, срцеви заболувања и Алцхајмерова болест. Раните докази од овие клинички испитувања покажаа дека многу состојби кои моментално не се лекуваат може еден ден, доколку овие испитувања напредуваат, да се контролираат со користење на матични клетки од крв од папочна врвца и ткиво од папочна врвца.

Со складирање на крв од папочната врвца на вашето бебе, вие  се осигурувате дека тие се подготвени за иднината.



Споредете нè

Споредете не со други приватни банки за крв од папочна врвца во Велика Британија и дознајте зошто се истакнуваме.

Споредете нè


Блог за матични клетки

Прочитајте за најновиот развој на матични клетки и употреба на крв од папочна врвца во нашиот блог.

Блог


*Врз основа на рецензирана публикација на CyteTech која покажува дека TotiCyte  овозможува 2,2 до 3 пати повеќе хематопоетски матични клетки во моментот на употреба во споредба со другите методи за обработка на крв од папочна врвца што се користат во Велика Британија.