Што се случува на денот на пораѓај?
Со додавање на услугата складирање на плацента заедно со крв од папочна врвца не го менува процесот на земање на матични клетки. Ние ќе се погрижиме за се, а лицето кое што ќе го зема материјалот ќе се погрижи вашата плацента да биде вклучена заедно со крвта и ткивото од папочната врвца. Земањето на плацента ќе биде извршено во посебен сет, оделено од крвта и ткивото на папочната врвца и заедно двата сета ќе бидат испратени во Cells4life…
Која е функцијата на плацентата?
За време на бременоста, плацентата пренесува кислород и хранливи материи од мајката преку папочната врвца до бебето. Таа, исто така, носи отпадни материи, како јаглерод диоксид, назад кај мајката чие тело може да ги обработи и отстрани.
Плацентата врши неколку други витални функции – од секреција на хормони кои го поддржуваат развојот на вашето бебе, до заштита од инфекции и обезбедување на антитела за имунизација на вашето бебе три месеци по неговото раѓање.
Значајно е дека плацентата исто така содржи матични клетки, кои му помагаат на вашето бебе да расте во утробата и може да продолжи да го штити неговото долгорочно здравје преку складирање на плацентата.