Третмани со матични клетки и клинички испитувања



Еден ден, третманите со матични клетки би можеле да се користат за…



Репарација на  оштетено ткиво



Формирање и замена на истрошени органи



Лекување на болести од животозагрозувачки карактер


Матичните клетки од крв од папочна врвца се скапоцен ресурс кој спасува животи повеќе од три децении. Од 1988 година, има повеќе од 1 милион третмани со матични клетки ширум светот и матичните клетки од крв од папочна врвца е потврдена терапија за над 80 болести. Тие вклучуваат различни видови на карнцер, како и нарушувања на крвта и имунитетот.

Матичните клетки исто така се сметаат за камен-темелник на релативно нова област на науката позната како регенеративна медицина. Денес постојат стотици клинички испитувања кои ја истражуваат употребата на матични клетки за лекување на вообичаени и често животозагрозувачки состојби како што се срцеви заболувања, Алцхајмерова болест и дијабетес. Во текот на животот на вашето дете, неговата крв од папочна врвца може да се користи дури и за репарација на оштетување на ‘рбетниот столб, формирање на цели органи како бубрези и срце.

Матичните клетки од крв од папочна врвца се навистина иднината на медицината. Дознајте повеќе за собирањето матични клетки или побарајте Информативен пакет за да го обезбедите овој животен ресурс за вашето бебе.


Трансплантации

Бидејќи хематопоетските матични клетки (HSCs)) можат да се трансформираат во било кој тип на крвни клетки, тие во моментов се користат во третмани со матични клетки за разни видови на карциноми и нарушувања на крвта. Ова вклучува леукемија, лимфом и миелом.

Достапно денес за лекување:

Метаболички нарушувања:

  • Krabbe Disease
  • Hurler Syndrome

Болести на крвта:

  • Леукемија
  • Лимфом
  • Миелом

Цврсти тумори:

  • Невробластом
  • Имунолошки нарушувања:
  • SCID
  • Wiskott-Aldrich Syndrome

Крвни нарушувања:

  • Српеста клеточна анемија
  • Апластична анемија
  • Fanconi Anaemia


Регенеративна терапија

Оваа револуционерна медицинска област користи матични клетки за лекување на болести и за регенерација и репарација или замена на оштетени ткива и органи. Оваа возбудлива област на медицината ветува извонредни медицински можности во текот на животот на вашето дете, со мезенхимални матични клетки (MSCs) кои се сметаат за исклучително важни за во иднина.

Денес се истражува за лекување:

  • Аутизам
  • Повреда на мозокот
  • Мултиплекс склероза
  • Церебрална парализа
  • Паркинсонова болест
  • Алцхајмерова болест
  • Цистична фиброза
  • Губење на слух
  • Фрактури на коските
  • Изгореници
  • Мозочен удар
  • Артритис
  • Кронова болест
  • Срцев удар
  • Заболување на црниот дроб
  • Дијабет
  • Повреда на ‘рбетниот мозок
  • Заболување на белите дробови


Имате само една шанса да му го обезбедите целиот овој потенцијал на вашето дете – денот кога ќе се роди…



Третмани со матични клетки денес

Крвта од папочната врвца содржи милиони хематопоетски матични клетки (HSCs). Тоа се матичните клетки кои можат да се трансформираат во било кој тип на крвни клетки. Поради оваа способност, крвта од папочна врвца може да се користи за обнова на имунолошкиот систем на пациенти чии бели крвни зрнца биле нападнати со агресивни терапии за канцер и оние кои страдаат од генетски состојби на хематопоетскиот систем.

HSCs се примарен тип на клетки што се користат за денешните третмани со матични клетки и се докажани како безбедни и ефективни во илјадници третмани и испитувања.

Третмани со матични клетки во иднина

Регенеративната медицина е релативно нова гранка во медицината која се занимава со замена, формирање и регенерација на човечки клетки, ткива и органи. Регенеративните терапии имаат за цел да ја вратат нормалната функција на оние кои се погодени од повреда или болест или да воведат нормална функција за прв пат за состојби добиени од раѓање.

Матичните клетки се централни за развојот на регенеративната медицина, а особено матичните клетки од крв од папочна врвца ветуваат многу поради нивната чиста и пластична природа.

Истражувачите на матични клетки моментално спроведуваат повеќе од 7.600 клинички испитувања за да ја истражат примената на третмани со матични клетки за стотици различни состојби, од кои многу, до овој момент, биле неизлечиви. Можеби сте слушнале вести за матичните клетки кои му помагаат на парализиран маж повторно да оди или му го враќаат видот на заболените од слепило.

Во минатото ваквите терапии беа материјал за научна фантастика, но регенеративната медицина им помага на научниците да ја направат реалност. Растот на оваа нова област на терапија со матични клетки се докажува со фактот дека 48% од изданијата на банките за крв од папочна врвца биле наменети за регенеративни третмани. Често поради неговиот регенеративен потенцијал толку многу семејства избираат да ја складираат папочната врвца на своите деца.




Церебрална парализа

Рутинската употреба на матични клетки од крв од папочна врвца во регенеративните терапии не е толку далеку колку што мислите…

Церебралната парализа е термин кој опишува различни состојби на мозокот кои се појавуваат во раното детство и влијаат на координацијата и движењето. Обично е предизвикана од траума на мозокот претрпена во утробата или за време на раѓањето. Во Велика Британија, 1 од 400 деца ќе страда од церебрална парализа и до денес, постојат палијативни терапии, но не постои третман за самата состојба.

Сепак, крвта од папочна врвца може да го даде решението. Во 2012 година,  Dr Joanne Kurtzburg почна да ги запишува болните од церебрална парализа чии родители ја зачуваа нивната крв од папочна врвца при раѓањето на пионерско клиничко испитување кое ја истражува употребата на матични клетки за лекување на состојбата.

Иако е премногу рано за конечни резултати, првичните извештаи беа многу позитивни со 70% од учесниците кои покажаа подобрен мозочен развој и моторна вештина. Успехот на ова испитување е нагласен со континуираниот развој на проектот за крв од папочна врвца на Duke University . Во јуни 2014 година, Dr Joanne Kurtzburg и нејзиниот тим добија 15 милиони долари за да ја истражат примената на третмани со матични клетки од папочна врвца за други болести, вклучително и мозочен удар, аутизам и други мозочни нарушувања.

Овие сретства се првата рата од финансирањето на овој 5-годишен проект вреден 41 милион долари. Резултатите од оваа програма ќе бидат многу возбудливи и таквата пионерска работа немаше да биде возможна без илјадниците родители кои избраа да ја чуваат скапоцената крв од папочна врвца на своите деца при раѓањето.



Клучот на вашето дете за иднината…

Крвта од папочна врвца на вашето бебе може да биде нивниот клуч за сите овие третмани со матични клетки. Иако постојат некои состојби – како леукемија – каде што може да се претпочитаат клетките на брат или сестра или донор, во многу терапии, особено регенеративни третмани, пристапот до сопствените матични клетки е далеку подобар. Сите примероци од донор се усогласени со примачот, но постои ризик дека кога ќе се внесат во човечкото тело за време на третманот, тие ќе бидат отфрлени. Ова се нарекува болест на графтот против домаќинот и може да предизвика исклучително сериозни несакани ефекти, вклучително и смрт.

Складирањето на сопствените матични клетки на вашето бебе осигурува дека тие имаат сопствено совршено генетско совпаѓање подготвено – она што би можело да обезбеди пристап до сите овие третмани со матични клетки и повеќе… она што никогаш нема да биде одбиено.


За клиничките испитувања на крв од папочна врвца…


  • Што е клиничко испитување?
Што е клиничко испитување?

Клиничкото испитување е истражувачка студија која тестира третман или интервенција поврзана со здравјето на групи луѓе, во обид да се оцени исходот за нивното здравје.

Тие можат да ги разгледаат ризиците, причините, превенцијата, дијагнозата, третманите или контролата на симптомите.


  • Кои се фазите на клиничкото испитување?
Кои се фазите на клиничкото испитување?

Општо земено, постојат три фази од клиничкото испитување пред лекарите да прифатат и да користат нов третман.

Фаза 1 – обично мало испитување со само неколку пациенти, кое има за цел да пристапи до безбедноста, да го усоврши процесот на лекување и да ги измери резултатите. Ова е рана фаза, каде што научниците ги мерат ефектите и несаканите ефекти од нивните методи.

Фаза 2 – втората фаза од клиничкото испитување има за цел да утврди дали вреди да се прошири нов третман во фаза 3. Повеќе пациенти се пријавени за да се измери ефикасноста на третманот. Тоа е обично испитување од поголем обем од Фаза 1.

Фаза 3 – испитувањето во третата фаза го споредува сегашниот или стандардниот третман за состојба со новиот метод. Со тоа, истражувачите можат да ја утврдат ефикасноста, како и потенцијалното подобрување во однос на постоечките техники.


  • Кои состојби може да се третираат со крв од папочна врвца?
Кои состојби може да се третираат со крв од папочна врвца?

Во моментов, повеќе од 80 состојби може да се третираат со матични клетки, вклучувајќи леукемија и мултипен миелом. Исто така, постојат илјадници клинички испитувања кои ја истражуваат употребата на матични клетки за лекување на состојби како што се церебрална парализа, аутизам и дијабет. Раните податоци од овие испитувања покажаа ветувачки резултати.



Најнови информации за матични клетки


Stem Cells Go to Space

Stem Cells Go to Space

This month sees two important missions lifting-off into space, both of which will carry out pioneering stem cell research. The first of these has already launched. On 18 January, Ax-3, the third mission by private company Axiom to be launched using Space X rockets,…

read more


Stem Cells Could Be The Future of Hair Regrowth

Stem Cells Could Be The Future of Hair Regrowth

Although hair loss is common, it can have a huge impact on a person’s self-esteem and, subsequently, their physical and mental wellbeing.  New trials exploring the potential applications of stem cells in treating hair loss offer hope for those who are suffering both…

read more


What Are The Benefits Of Placenta Banking?

What Are The Benefits Of Placenta Banking?

Placenta banking is the process of collecting the powerful cells from the placenta after birth and storing them for your baby should they need to use them in future.  Although the placenta is usually thrown away as medical waste after the birth, there are a huge array…

read more



ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ, ПОБАРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ДЕНЕС



Поврзете се со нас